COCOA SEED BUTTER-100% THEOBROMA

COCOA SEED BUTTER-100% THEOBROMA

455 ден.
Потребни наградни поени: 386
Производител: Institut Organica
Шифра на производ: CI 18-1000
Достапност: На залиха
Количина:

100% природен какао путер екстрахиран од зрната на какаото.Изобилува со вит. А и Е, магнезиум, калиум, цинк, омега 6 и омега 9,и одговара на сите типови кожа.Идеален е за летните месеци:пред сончање ја припрема кожата за силните сончеви зраци,на плажа:штити од сонце и го забрзува потемнувањето, после сончање:за смирување и релаксација на кожата.Помага при третман на стрии и полесни лузни.Погоден за сите типови коса, а особено:кадрава,боена и хемиски третирана

 

100% какао путер, наменет за:
✧ Сите типови кожа, па дури и најчувствителните 
✧ Зрела кожа, бидејќи го одложува процесот на стареење,
✧ Сите типови коса, а особено за: кадрава, боена или хемиски третирана ( трајна ондулација или трајно исправување на косата)

Какао путерот, е посебно добро да се користи пред почетокот на летото, зошто многу добро ја припрема кожата за брзо и здраво потемнување. Истотака се препорачува и во текот на сончањето, зошто ја хидратира кожата и го забрзува потемнувањето, а после сончање ја смирува и релаксира уморната кожа. Природниот какао путер, штити од сончеви зраци, но доколку зрачењето на UVA и UVB зраците е многу високо, задолжително треба да се користат и дополнителни козметички заштитни креми, а какао путерот во тој случај е совршена база за заштита на кожата и косата од хемиските состојки кои се составен дел од козметичките препарати.

Со доаѓањето на сончевите денови, нешто што задолжително треба да се има, тоа е секако КАКАО ПУТЕР. Неговата природно цврста текстура, овозможува секогаш да биде при рака во козметичката торбичка, зошто почнува да се топи дури на температура повисока од 35-38 Ц степени.


Какао путерот се добива од зрната какао на билката Theobroma cacao која има потекло претежно од Јужна Америка и од некои тропски земји. Зрното какао природно содржи висок процент на масти (50%) кои имаат неверојатно позитивно дејство врз нашата кожа и коса, за кое ќе зборуваме понатаму во текстот. Путерот се добива на тој начин што најнапред зрната какао се вадат од нивната лушпа и се оставаатво буриња природно да ферментираат од 2 до 10 дена (со што се интензифицира мирисот на самиот путер). Потоа се ставаат на сонце природно да се исушат и откако ќе се исушат, по пат на притискање (топло цедење) се одвојува маслениот дел кој се филтрира и рафинира (во зависност од намената) и се добива какао путерот. Тоа што останало од зрната какао по пат на поинаков процес на обработка се претвора во какаото во прав за внатрешна употреба.

Какао путерот содржи 59,7% заситени масти и 35,9% незаситени масти и воопшто не содржи холестерол. Во најголем процент е застапена олеинската киселина (од 33% до 39%), потоа стеаринска (од 30% до 37%), палмитинска (од 24% до 31%)  на крај линолеинска (околу 2%).

Олеинската киселина претставува еден вид на незаситена масна киселина која припаѓа на семејството на омега 9 масни киселини. Висока застапеност на олеинската киселина во едно масло или путер значи поголема издржливост и отпорност на истите на високи температури. Благодарение на олеинската киселина, овој путер е богат со токоферол (витамин Е) и полифеноли, што значи дека има големо антиоксидантно влијание.

Стеаринската киселина претставува заситена масна киселина. меѓутоа во случајов е од растително потекло а не од животинско. Токму таа ја дава цврстата структура на какао путерот. Благодарение на неа, овој путер има големо омекнувачко дејство врз кожата и не остава чувство на масна кожа туку дава еден вид на сув ефект.

Доколку сакате да нанесете состојка која на некој начин ќе ја “имитира“ природната композиција на мастите природно присутни кожата (во смисла на компатибилност), во тој случај од особено значење е да се користат путери и масла кои содржат палмитинска киселина. 

Какао путерот исто така содржи и полифеноли кои имаат големо антиоксидантно дејство, потоа фитостероли кои имаат антивоспалително (антиинфиаматорно) дејство и емолиентно (омекнувачко) дејство врз кожата. Богато е со витамин Е во чиста форма токоферол, кој претставува антиоксиданс и го спречува штетното влијание на слободните радикали, а со самото тоа на производот му дава и анти ејџ ефект.

Одличната композиција на заситени и незаситени масни киселини во какао путерот прави да истиот има големо заштитно, хранливо, омекнувачко и антивоспалително дејство  врз нашата кожа. Токму благодарение на овие својства, какао путерот најмногу се препорачува кај оние со сува и чувствителна кожа склона кон црвенила и иритации, потоа кај лицата кои страдаат од дерматитис, како и кај оние со повозрасна кожа.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Поврзани производи

За нас

Прва и најголема Е-продавница за квалитетна козметика во Македонија. Во ова брзо и активно време, ова е одлична можност за електронско купување. Предноста освен во заштедување на време, е и одличниот преглед на сите производи, детално опишани со нивните карактеристики. Голем избор на козметика од различни брендови, во кои нема шанси да не се препознаете.

КОНТАКТ

  • 070 / 244 466
  • info@torba.mk

FACEBOOK

torba.mk © 2020. UKION SHOPS