Bio Avocado Oil 100% Pure Cold Pressed 30ml
  • Bio Avocado Oil 100% Pure Cold Pressed 30ml
  • Bio Avocado Oil 100% Pure Cold Pressed 30ml

Bio Avocado Oil 100% Pure Cold Pressed 30ml

412 ден.
Производител: REVOX
Шифра на производ: 102675
Достапност: На залиха
Количина:

АВОКАДО МАСЛО 100% ЧИСТО ЛАДНО ЦЕДЕНО 

Иако до пред извесно време, не беше лесно, на декларацијата на козметичките производи, да се најде дека во составот има и авокадо масло, сепак неговиот исклучително богат состав како и благотворното дејство врз кожата, го прават во последниве години незаобиколна „must have“ состојка во козметичките производи. Веќе може слободно да се каже, дека маслото од авокадо е се почесто, една од основните состојки во производите за нега на кожа, лице и коса. Иако ова не е единствено растително масло кое се користи во козметичката индустрија, сепак за авокадо маслото може слободно да се каже дека е витамински концентрат, бидејќи освен што содржи мононезаситени масни киселини и протеини, особено е багото со витамини: А, Б, Ц, Д, Е и К, но и минерали: калиум, калциум, селен, железо, липиди, лецитин, каротен. Овој специфичен состав и концентрацијата на витамини, го прави исклучително отпорен на оксидација на светлина, а истотака и одличен е во борбата против слободните радикали и предвременото стареење на кожата. Одговара на сите типови кожа, но особено годи на сува и чувствителна кожа, како и на кожа склона на алергии и црвенила. Годи и за нега на нежната детска кожа. Го поттикнува клеточниот метаболизам на обновување на постојните и создавање на нови клетки, а тоа придонесува кожата да биде еластична и цврста. Има лесна текстура, брзо навлегува и комплетно се апсорбира во кожата, ја омекнува, храни, смирува и заштитува. Ефектот е мазна, сјајна и свежа кожа.                                                                                                                                                                 

Затоа.....Секогаш кога на декларацијата на производот ќе видите дека стои и името за авокадо масло „Persea gratissima oil“, не двоумете се да го вклучите тој производ во вашата рутина за нега на кожа. Кожата ќе ви биде исклучително благодарна!

  • Нега на кожа:
  • Сува кожа - маслото од авокадо делува исклучително хидратантно, помага да се обнови и зачува хидролипидната бариера на епидермисот, овозможувајќи мекост и пријатно чувство. Одговара за кожа на лице и тело
  • Зрела кожа - помага против предвременото стареење на кожата, превентивно делува против појава на бори, ја чува структурата на сврзното ткиво на кожата (колаген, еластин, хијалуронска киселина) и така ја подобрува цврстината на кожата. Маслото од авокадо е особено благотворно за регијата околу очите како и кожата на вратот и деколтето. Целокупното дејство врз кожата на лицето е регенеративно, реструктурирачко и антиоксидативно
  • Чувствителна и реактивна кожа - делува исклучително смирувачки кај чувствителната кожа и кожа склона кон црвенило, ја засилува бариерната функција на кожата и помага да се зголеми отпорноста на штетните надворешни загадувачи.
  • Темен тен - помага за значително продолжување на темниот тен во лето. Доколку секој ден по туширањето, на малку влажна кожа нанесете ладно цедено масло од авокадо, тенот ќе трае четири недели подолго.
  • Масажа и третман на стрии - специфичниот состав и богатството од витамини го прави одлично масло за третирање на стриите како и за превентивно делување против истите.
  • Нега на кожата на рацете - авокадо маслото ја регенерира кожата на дланките после чести контакти со вода, разни средства за миење – детергенти и прашоци, како и при изложеност на ладен воздух
  • Нега на коса: Маслото од авокадо е многу добро и за сува и оштетна коса, овозможувајќи многу брзо да стане сјајна, цврста и еластична. Ја ревитализира косата, го враќа тонусот и природниот сјај. Одлично делува како маска на косата, но се остава да делува на косата, пред шампонирање. Значи: прво маска од масло од авокадо , а потоа шампонирање на косата.

Најголема предност на маслото од авокадо е тоа што може да се користи самостојно, но и во комбинација со други масла, како и други козметички производи!

Предупредување: Само за надворешна употреба! Прекинете со третманот ако се појави црвенило или иритација. Избегнувајте контакт со очи,а во случај на контакт со очите, веднаш исплакнете ги очите со вода 

 

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Поврзани производи
REVOX Bio Avocado Oil 100% Pure Cold Pressed 30ml АВОКАДО МАСЛО 100% ЧИСТО ЛАДНО ЦЕДЕНО  Иако до пред извесно време, не беше лесно, на декларацијата на козметичките производи, да се најде дека во составот има и авокадо масло, сепак неговиот исклучително богат состав како и благотворното дејство врз кожата, го прават во последниве години незаобиколна „must have“ состојка во козметичките производи. Веќе може слободно да се каже, дека маслото од .. Category: Product #: 102675 Regular price: 412 ден. 412
Available from: torba.mk

За нас

Прва и најголема Е-продавница за квалитетна козметика во Македонија. Во ова брзо и активно време, ова е одлична можност за електронско купување. Предноста освен во заштедување на време, е и одличниот преглед на сите производи, детално опишани со нивните карактеристики. Голем избор на козметика од различни брендови, во кои нема шанси да не се препознаете.

КОНТАКТ

  • 070 / 244 466
  • info@torba.mk

FACEBOOK

torba.mk © 2024. UKION SHOPS

Институт Органика ДООЕЛ | ул. Влае 87, 1000 Скопје
Тел : +389 (0)70 244 466 | e-mail : info@torba.mk
ЕМБС: 7002220 | ЕДБ : MK4080014548341