КОЛАГЕН + ВИТАМИН Ц

КОЛАГЕН + ВИТАМИН Ц

390 ден.650 ден.
Производител: COMBOBIOTIC
Шифра на производ: 000505
Достапност: На залиха
Количина:

Ефекти на Колагенот врз здравјето на зглобовите

Придобивки од Колаген кои придонесуваат за здрави зглобови, се пријавени од голем број клинички студии ширум светот. Долгорочната суплементација со Колаген претставува ефективна опција за заштита на зглобовите, зголемена еластичност на меките сврзни ткива, како и целосно и побрзо опоравување од болка и воспаленост.

Колагенот е основен структурен протеин кој ги оформува меките сврзни ткива, и е витален компонент на зглобовите, коските, тетивите, лигаментите, ‘рскавиците и кожата.

Како колагенот придонесува за здрави зглобови?

Оптималната мобилност на зглобовите е резултат на здрави ткива на зглобот и негова еластичност. Колагенот е неопходен како основен компонент на овие ткива. Истражувањата сугерираат дека зголемениот внес на колаген преку суплементација придонесува за здрави зглобови, преку зголемување на клеточната поправка па дури и раст на ново ‘рскавично ткиво на зглобовите.

Спортистите се често изложени на ризик од повреда на колената или другите зглобови поради постојаниот напор врз зглобовите и нивната прекумерна употреба при физичка активност. Студија во која 24 недели бил користен колаген како суплемент резултира со анаболичен ефект на меките ткива во зглобовите, а и подобрување на симптомите на болка и воспаление.

Колагенот на ComboBiotic е специјално дизајниран суплемент за заштита на зглобовите како и нивно побрзо заздравување, и е од голем бенефит за спортистите поради секојдневниот притисок и оштетување на сврзните ткива на зглобовите.

Доколку на додатокот во исхрана КОЛАГЕН се додаде и ВИТАМИН Ц, тогаш сигурно ја имате вистинската добитна комбинација, бидејќи, токму витаминот Ц, ќе придонесе за синтезата на колагенот – за кој веќе објаснивме погоре, дека е составен дел на кожата, мускулите, тетивите, коските, рскавицата, забите и крвните садови. Со доволна количина на витаминот Ц се осигурува добра структура на кожата, која станува затегната, поздрава и поубава, а коските, тетивите, рскавицата и крвните садови (капилари) стануваат поцврсти и поотпорни.

 

Може ли да се надомести губењето на колагенот?

Начинот на живот, правилната исхрана и континуирана физичка активност до некаде можат да го ублажат и забават процесот на губење на колагенот, како и можните последици од тој процес. Сепак, во модерните времиња тоа не е доволно. Затоа, целта на додатоците во исхраната со кола-ген ја имаат токму таа задача: да го забават физиолошкото губење на колагенот

Додатоците во исхраната со колаген, ги олеснуваат тешкотиите кај артритисот, помагаат при губење на тежината, изградба на мускулите и подмладување на кожата преку минимизирање, па дури и отстранување на брчките на лицето, правејќи ја кожата затегната и сјајна.

 

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

За нас

Прва и најголема Е-продавница за квалитетна козметика во Македонија. Во ова брзо и активно време, ова е одлична можност за електронско купување. Предноста освен во заштедување на време, е и одличниот преглед на сите производи, детално опишани со нивните карактеристики. Голем избор на козметика од различни брендови, во кои нема шанси да не се препознаете.

КОНТАКТ

  • 070 / 244 466
  • info@torba.mk

FACEBOOK

torba.mk © 2020. UKION SHOPS