REVOX JUST Retinol in Squalane
  • REVOX JUST Retinol in Squalane
  • REVOX JUST Retinol in Squalane

REVOX JUST Retinol in Squalane

349 ден.
Производител: REVOX
Шифра на производ: 103894
Достапност: На залиха
Количина:

РЕТИНОЛ ВО СКВАЛАН е безводен раствор на чист ретинол за лице и врат. Ретинолот е една од најмоќните состојки против стареење, бидејќи е докажано  дека силно делува на процесот на  регенерирање на клетките на кожата. Ретинолот помага да се ревитализира кожата, придонесувајќи за нејзин поздрав изглед. Исто така, го стимулира  производството на колаген, што води кон намалување на видливите знаци на стареење. Сквалан маслото, обезбедува длабинска хидратација, правејќи ја кожата “полна”, мека, поеластична, поенергична и помазна. Текстурата на растворот е лесна, безмасна и многу брзо се апсорбира. Овој производ ги таргетира  видливите знаци на стареење на кожата, како што се: фините линии, брчките и состојбата на “oвената” кожа. Особено е корисен за зрела кожа, како и за уморна кожа, без сјај и енергија. Комбинирајте со REVOX B77 JUST Niacinamid 10% како дел од вашата дневна рутина за убавина.

Упатство за употреба: Нанесете 2-4 капки навечер на чиста и целосно сува кожа, избегнувајќи ја регијата околу очите и нежно масирајте. Почекајте кожата да се исуши пред  да го нанесете следниот производ. Користете како ноќен прихранувачки третман  наместо хидратантни  или третмани со масло.

Внимание: Не комбинирајте со чисти масла за да спречите прекумерна маснотија на кожата. Не комбинирајте со други ретиноиди или директни киселини за да избегнете иритација. Ретиноидите можат да ја направат кожата почувствителна на УВ зрачење. Избегнувајте директно изложување на сонце и користете заштита од сонце. Избегнувајте контакт со очите. Не користете на иритирана кожа! Можна е индивидуална нетолеранција на производот. Ако се појави иритација или прекумерно црвенило, прекинете ја употребата. Пред првата апликација, се препорачува да се изврши тест за чувствителност. Доколку не се развие иритација по 24 часа, производот е безбеден за употреба.

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Поврзани производи

За нас

Прва и најголема Е-продавница за квалитетна козметика во Македонија. Во ова брзо и активно време, ова е одлична можност за електронско купување. Предноста освен во заштедување на време, е и одличниот преглед на сите производи, детално опишани со нивните карактеристики. Голем избор на козметика од различни брендови, во кои нема шанси да не се препознаете.

КОНТАКТ

  • 070 / 244 466
  • info@torba.mk

FACEBOOK

torba.mk © 2021. UKION SHOPS

Институт Органика ДООЕЛ | ул. Влае 87, 1000 Скопје
Тел : +389 (0)70 244 466 | e-mail : info@torba.mk
ЕМБС: 7002220 | ЕДБ : MK4080014548341

REVOX REVOX JUST Retinol in Squalane РЕТИНОЛ ВО СКВАЛАН е безводен раствор на чист ретинол за лице и врат. Ретинолот е една од најмоќните состојки против стареење, бидејќи е докажано  дека силно делува на процесот на  регенерирање на клетките на кожата. Ретинолот помага да се ревитализира кожата, придонесувајќи за нејзин поздрав изглед. Исто така, го стимулира  производството на колаген, што води кон намалување на видливите знаци на .. Category: Product #: 103894 Regular price: 349 ден. 349 Available from: torba.mk