JUST REVOX CASTOR OIL 100% PURE COLD PRESSED 30ml
  • JUST REVOX CASTOR OIL 100% PURE COLD PRESSED 30ml
  • JUST REVOX CASTOR OIL 100% PURE COLD PRESSED 30ml

JUST REVOX CASTOR OIL 100% PURE COLD PRESSED 30ml

359 ден.
Производител: REVOX
Шифра на производ: 102644
Достапност: На залиха
Количина:

РИЦИНУСОВО МАСЛО 100% ЧИСТО ЛАДНО ЦЕДЕНО 

Барате решение за опаѓање на косата???? или третман за сува коса ???? проблем со сува кожа?? изразени брчки??? кршливи и слаби нокти???? Најдобра препорака е рицинусовото масло. 

Главната одлика на рицинусовото масло е малата молекуларна тежина која овозможува лесно продирање во кожата и косата. Поради тоа, ова масло е идеално за хидратација на кожата и косата бидејќи лесно навлегува во порите на кожата и коренот на косата. Со примена на рицинусовото масло се врши длабинска хидратација на клетките. Широката употреба во козметикатата се должи и на исклучително големата концентрација на витамин Е и рицинолеична киселина.

Нега на коса

Рицинусовото масло е вистински мелем за косата, а особено и годи на сува и кршлива коса. Рицинусовото масло и помага на косата на повеќе начини:

  • Најпрво ја хидрира косата, но и скалпот, бидејќи има силна моќ длабоко да продира во нејзината внатрешност и така ги пренесува хранливите материи и минерали. По третманот со рицинусово масло косата ќе биде поздрава и помека.
  • Освен што влијае на целокупното здравје на косата и здравиот надворешен изглед, неговата употреба ја подобрува самата структура на влакното и го забрзува растот на косата. Се смета дека, рицинусовото масло е најдобро природно средство за поттикнување на растот на косата, па дури и на места каде што не растела коса.
  • Многу успешно ги елеминира проблемите со првутот, а со редовна употреба може да ја обнови оштетената коса која настанала како резултат од чести или неправилни боења со козметичка боја.
  • Рицинусовото масло изобилува со Омега 9 масни киселини, кои го хранат влакното одвнатре и ја враќа природната влажност на косата. Благотворно е и за темето кое исто така трпи последици од хемиските третмани. Се препорачува да се нанесува на коренот пред спиење. Да се вмасира со нежни движења во кожата на темето, ставете пластична капа и следното утро измијте ја косата на вообичаен начин. Повторувајте го процесот сè додека не забележите подобрување на состојбата на косата. Рицинусовото масло, истотака е и одличен регенератор за коса. Нанесете го по вообичаеното миење. Ова масло е многу густо, па доволно е да нанесете многу мала количина. По нанесувањето, замотајте ја косата во топол пешкир и оставете да отстои неколку часа. Потоа, добро исплакнете.

Нега на кожа

Хидратантните  својства на рицинусовото масло го прават идеално средство за нега на сува кожа, кожа склона кон инфекции, како и зрела кожа (за намалување на брчките).

Рицинусовото масло ја негува кожата, а поради високото количество на витамин Е помага при разни кожни заболувања како што се габичните инфекции на кожата. Одлично е и како дезинфекциско средство, за помали повреди на кожата (гребаници, убоди, исеченици…).  Исто така, може да се употребува како природен отстранувач на шминка. Освен тоа што не содржи никакви иритирачки и штетни супстанци за кожата, истовремено ја негува. Покрај тоа, маслото може да го забрза растот на трепките.

Нега на нокти

Рицинусовото масло е идеално за нега на ноктите, бидејќи ги зацврстува кршливите нокти, го забрзува растот и ја негува кожата околу нив.

Маслото се употребува млако. Идеално е да се нанесува навечер и да се остави да делува во текот на ноќта.

  • За коса: Нанесете 1-2 пати неделно. Масирајте неколку капки масло во скалпот и по должините на косата. Оставете го да отстои најмалку еден час.
  • За кожа: Масирајте неколку капки масло на лицето по чистење за навлажнувачки и омекнувачки ефект. Масирајте го маслото на темни дамки / лузни / стрии за постепено да ја намалите нивната видливост.
  • За погусти трепки и веѓи: Масирајте неколку капки во трепките и веѓите.
  • За нокти и кутикули: Масирајте 1 капка масло добро околу ноктите

Предупредување: Само за надворешна употреба! Прекинете со третманот ако се појави црвенило или иритација. Избегнувајте контакт со очи,а во случај на контакт со очите, веднаш исплакнете ги очите со вода.

 

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Поврзани производи

За нас

Прва и најголема Е-продавница за квалитетна козметика во Македонија. Во ова брзо и активно време, ова е одлична можност за електронско купување. Предноста освен во заштедување на време, е и одличниот преглед на сите производи, детално опишани со нивните карактеристики. Голем избор на козметика од различни брендови, во кои нема шанси да не се препознаете.

КОНТАКТ

  • 070 / 244 466
  • info@torba.mk

FACEBOOK

torba.mk © 2021. UKION SHOPS
REVOX JUST REVOX CASTOR OIL 100% PURE COLD PRESSED 30ml РИЦИНУСОВО МАСЛО 100% ЧИСТО ЛАДНО ЦЕДЕНО  Барате решение за опаѓање на косата???? или третман за сува коса ???? проблем со сува кожа?? изразени брчки??? кршливи и слаби нокти???? Најдобра препорака е рицинусовото масло.  Главната одлика на рицинусовото масло е малата молекуларна тежина која овозможува лесно продирање во кожата и косата. Поради тоа, ова масло е идеално за хидратација на кожат.. Category: Product #: 102644 Regular price: 359 ден. 359 Available from: torba.mk