JUST Azelaic Acid Suspension 10% 30ml
  • JUST Azelaic Acid Suspension 10% 30ml
  • JUST Azelaic Acid Suspension 10% 30ml

JUST Azelaic Acid Suspension 10% 30ml

395 ден.
Производител: REVOX
Шифра на производ: 102835
Достапност: На залиха
Количина:

Азелеинска киселина е една од најмоќните природни киселини. Таа е мултифункционална состојка за поддршка за сите типови кожа, претставува многу ефикасен антиоксиданс кој природно се произведува од квасец кој живее на здрава кожа. Делува на тенот на кожата, така што го осветлува, видливо ја подобрува текстурата на кожата и ги минимизира недостатоците, делува на хиперпигментацијата- дамки, флеки, го намалува црвенилото на кожата, а што е најзначајно делува на црвенилото поврзано со розацеа.

Всушност, најголемата предност, на азелeинската киселина,за разлика од многу други киселини е што оваа киселина не предизвикува иритација дури и на кожа со розацеа   

            

Чудотворното дејство на азелеинска киселина врз зрела-возрасна и проблематичната кожа.
 
Сите знаеме дека лицето е визит-карта на секоја личност: самодоверба, емоции, целокупната состојба на организмот, како се чувствуваме во моментот...сѐ се забележува само со еден поглед врз лицето
Меѓутоа различните проблеми со кожата можат да го расипат надворешниот изглед и да ја намалат самодовербата: акни, мозолчиња, осип, дамки, “ старечки“ флеки ....Азелеинската киселина е таа која најмногу може  да помогне да се подобри целокупната состојбата на епидермисот
 
Што всушност претставува Азелеинска киселина?
 
Неандиотска киселина (другото име за азелеинска киселина) спаѓа во категоријата на дерматропски лекови и ги има својствата карактеристични за сите карбоксилни киселини. Супстанцата е во форма на бел кристален прав, кој не се раствора во вода на собна температура, туку може да се раствори само во врела вода или етил алкохол.
 Азелеинската киселина има силни  антисептички и дезинфекциони својства и затоа нејзиното место во козметичката индустрија е скоро незаменливо. Составна компонента е на препарати кои се во можност да ја осветлат кожата и да ги елиминираат старосните точки, делува многу моќно  врз стафилококите и другите бактерии, кои предизвикуваат појава на акни, ја регулира работата на лојните жлезди и продира длабоко во кожата.  И што е најважно: оваа органска супстанца нема да предизвика зависност, ниту со подолготрајно користење.
 
Својства
 
Поради присуството на исти хемиски и физички својства како карбоксилните киселини, азелеинската киселина е во состојба да навлезе во најдлабоките слоеви на епидермисот, истовремено елиминирајќи ги патогените микроорганизми кои предизвикуваат разни воспалителни процеси. По влегувањето во организмот, органската материја се претвора во дибазни карбоксилни киселини, кои подобро се апсорбираат.
Азелеинската киселина е широко користена во областа на козметологијата, заради своите навистина многу значајни можности:
Антиинфламаторно дејство- има смирувачки ефект врз кожата, го отстранува воспалението и црвенилото;
Антибактериско дејство- активно се бори против микроорганизмите кои предизвикуваат акни и други дефекти на кожата;
Измазнување-  површинските слоеви на епидермисот се полираат, кожата е израмнета;
Избелување-спречува појава на меланин, придонесува за подобрување на тен, осветлување на ”старечки“ дамки и лузни од осип;
Оксигено дејство- кислородот се доставува до клетките на дермисот и така ги активира метаболичките процеси. Порите стануваат почисти, развојот на акни е намален.
Кога да се користи азелеинска киселина?
Поради своите антимикробни својства, се препорачува за употреба при третман на акни и комедони.
За мрсна кожа, ова органско соединение е вистински спас. Со негова помош, можно е значително да се намали производството на себум и да се елиминира мрсниот сјај. Индикации за употреба на средства врз основа на азелеична киселина се кожни заболувања како: себореја, дерматитис, демодекоза, розацеа.
За ефикасен пилинг - да се отстрани стратурниот корнеум на епидермисот и да се подобри целокупната состојбата на кожата. Ваква постапка обично се изведува со употреба на специјални средства кои се со хемиско потекло. Азелеинската киселина исто така припаѓа на такви органски материи. По нанесувањето на епидермисот, инстантно започнува да делува врз бактериите кои предизвикуваат воспалителни процеси и го спречува појавувањето на нови осипи. Киселината успешно се справува и скоро комплетно ги елиминира акните кои се во блага до умерена фаза.
 
Пилингот направен со азелеинска киселина има минимум контраиндикации, и погоден е за најчувствителната кожа, а ретко кога може да предизвика несакани ефекти. Препорачливо е да се прибегнете кон ваква постапка пред длабоко чистење на кожата, ласерско изложување на површината на кожата и микродермоабразија.
Азелеинската киселина во комбинација со други компоненти обично се користи за пилинг. Добро се “согласува” со: млечна, салицилна, бадемова, гликолна киселина, екстракти од лековити растенија.
 
Како делува пилингот?
 
Најефикасно чистење на лицето може да се направи со употреба на азелеинска киселина. Ефектот врз кожата во овој случај ќе биде антибактериски и антиинфламаторен, избелување на кожата и зајакнување на врзивното ткиво. Бидејќи, активната супстанција има антиоксидантни својства, темелно ќе ги отстрани токсичните материи од кожата.
 
Состав : Aqua, Isododecane, Dimethicone/ Bis – Isobutyl PPG-20 Crosspolymer, Cyclopentasiloxane, Ethylhexyl Stearate, Ethoxydiglycol, Azelaic Acid, Isopropyl Myristate, Ammonium Acryloyldimethyltaurate/ VP Copolymer, PPG-1-PEG-9 Lauryl Glycol Ether, Phenoxyethanol, Disodium EDTA.
 

                                

Напишете коментар или оценка

Вашето име:

Вашиот коментар:

Забелешка: HTML-от не е преведен!

Оценка: Лош Добар

Внесете го кодот за верификација во полето:

Поврзани производи
REVOX JUST Azelaic Acid Suspension 10% 30ml Азелеинска киселина е една од најмоќните природни киселини. Таа е мултифункционална состојка за поддршка за сите типови кожа, претставува многу ефикасен антиоксиданс кој природно се произведува од квасец кој живее на здрава кожа. Делува на тенот на кожата, така што го осветлува, видливо ја подобрува текстурата на кожата и ги минимизира недостатоците, делува на хиперпигментацијата- дамки, флеки, го.. Category: Product #: 102835 5 1 5 stars, based on 4 reviews Regular price: 395 ден. 395
Available from: torba.mk

За нас

Прва и најголема Е-продавница за квалитетна козметика во Македонија. Во ова брзо и активно време, ова е одлична можност за електронско купување. Предноста освен во заштедување на време, е и одличниот преглед на сите производи, детално опишани со нивните карактеристики. Голем избор на козметика од различни брендови, во кои нема шанси да не се препознаете.

КОНТАКТ

  • 070 / 244 466
  • info@torba.mk

FACEBOOK

torba.mk © 2024. UKION SHOPS

Институт Органика ДООЕЛ | ул. Влае 87, 1000 Скопје
Тел : +389 (0)70 244 466 | e-mail : info@torba.mk
ЕМБС: 7002220 | ЕДБ : MK4080014548341